Премиерот Христијан Мицкоски во гостување на Алсат ТВ, потенцираше дека поради одлуки на обвинителството и Судот, функционерите на ДУИ, против кои има над 20 кривични пријави, тие се уште се на слобода.
Мицкоски потенцираше дека во свои раце го има само рејтингот на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, додека со ДУИ се занимава затоа што оваа партија била на власт 22 години и секогаш кога станува збор за криминал и корупција, нејзините високи функционери не можат да бидат занемарени, пишува Алсат.
„Јас единствено може да го кревам рејтингот на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ ја споменуваме само по криминалите генерирани од високите функционери на таа партија“, рече во вечерашното гостување во централниот дневник на Алсат премиерот Христијан Мицкоски.
Запрашан дали со постојаното споменување на ДУИ го крева рејтингот на таа партија Мицкоски рече:
„Мораме да го споменеме ДУИ за да се потсетиме на наследството од ДУИ во изминативе 22 години власт во Македонија. Моите изјави секогаш се насочени кон криминал и корупција коишто биле генерирани од високи функционери на ДУИ. Ако на тој начин мислите дека го кревам рејтингот, тогаш имаме различно разбирање на политиката. Досега имаме над 20 кривични пријави против функционери на ДУИ. Што се однесува до тоа зошто тие се уште се на слобода, за ова одлучуваат судот и обвинителството. Јас реков дека ДУИ ќе биде во опозиција, а тие се во опозиција веќе 15 месеци“, рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата