logo
logo
logo

Нов ценовник на горивата од 10 март: ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА 14 ДЕНАРИ ПО ЛИТАР, БЕНЗИНОТ ЗА 5 ДЕНАРИ

Vecer | 09.03.2026

Нов ценовник на горивата од 10 март:  ДИЗЕЛОТ ПОСКАПУВА ЗА 14 ДЕНАРИ ПО ЛИТАР, БЕНЗИНОТ ЗА 5 ДЕНАРИ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 14,27 проценти во однос на одлуката од 2 март 2026 година. објави Скопје1.мк

Од 10 март 2026 година од 00:01 часот ќе важат нови максимални цени на горивата.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 79,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81,50 денари за литар.

Најголем скок има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по 85,50 денари за литар, што претставува зголемување од 14,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе чини 82,50 денари за литар, односно поскапува за 12,50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари и ќе изнесува 42,586 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија посочуваат дека поскапувањето е резултат на значителниот раст на референтните цени на светскиот пазар. Според пресметките, бензините бележат раст од 13,384 проценти, дизелот 36,134 проценти, екстра лесното масло 32,102 проценти, а мазутот 27,870 проценти.

Дополнително влијание врз цените имал и курсот на денарот во однос на доларот, кој е повисок за 0,9444 проценти.

Од РКЕ појаснуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги формираат и пониско од утврденото ниво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk