logo
logo
logo

ЉУБОПИТНИ, НЕЖНИ И СКРИЕНИ ПОКРАЈ МАМА: Погледнете ги новите жители на ЗОО Скопје

Vecer | 05.06.2026

ЉУБОПИТНИ, НЕЖНИ И СКРИЕНИ ПОКРАЈ МАМА: Погледнете ги новите жители на ЗОО Скопје

Во скопската Зоолошка градина се родија две мали бели волкчиња.

Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волкчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени. Затоа и овие фотографии се направени во ретки моменти кога тие излегуваат надвор, љубопитно го истражуваат просторот и веднаш повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката“, информираат од ЗОО Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk