logo
logo
logo

ЗОШТО ФИЛИПЧЕ ЈА НАПУШТИЛ ДРЖАВАТА НА 2 ФЕВРУАРИ, ИМАЛ СОСТАНОК СО ЗОРАН ЗАЕВ?

Vecer | 08.02.2026

ЗОШТО ФИЛИПЧЕ ЈА НАПУШТИЛ ДРЖАВАТА НА 2 ФЕВРУАРИ, ИМАЛ СОСТАНОК СО ЗОРАН ЗАЕВ?

За тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана генералниот сектреар на СДСМ Саша Димитријевиќ нека го праша лидерот Венко Филипче, кој панично ја напушта државата на 2 февруари кон јужниот сосед, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата одговори на претходните обвинувања на СДСМ за тоа како заплената марихуана завршила во Србија каде што беше запленета од српската полиција.

„Еве прецизен одговор за малиот Димитријевиќ за марихуаната. Одговорите за тоа како се шверцуваат 5 тони марихуана нека ги постави на Венко Филипче кој е во отворена комуникација и на команда од Зоран Заев.

Зошто Венко Филипче ја напушта панично државата на втори февруари и се упатува кон јужниот сосед. Дали и каков состанок имал со Зоран Заев?

Јавна тајна е дека семејството Заеви е вклучено во бизнисот со марихуана.

Сосема случајно или не, во Струмица се конфискувани над 30 тони марихуана кај лице советник на Заев и СДСМ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатите денови во обмена полициска акција беа запленети над 40 тони марихуана. МВР објави дека од фирмата „ЦБД Медплант“ од Босилово, Ново Село, се запленети 21 тон марихуана.

Како формален сопственик на компанијата во документацијата се јавува Христијан Котев, но според информации до кои дојде редакцијата, реалната контрола над фирмата ја има неговиот татко, Тони Коцев, со прекар М`гчев.

Тони Коцев е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село и има многу бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk