logo
logo
logo

Единствено нешто што знаат од СДС сервилна: распродавање на државните интереси, да креираат коруптивни шеми, да делат проценти и провизии

Vecer | 02.03.2026

Единствено нешто што знаат од СДС сервилна: распродавање на државните интереси, да креираат коруптивни шеми, да делат проценти и провизии

СДС сервилна, талкаат без стратегија и јасна цел ниту за партијата, а уште помалку за државата. Единствено нешто што знаат од СДС сервилна, е да ги распродаваат државните интереси, да креираат коруптивни шеми, да делат проценти и провизии и да се обидуваат да го заташкаат криминалот во сопствените редови, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС е целосно изгубена во сопствената реторика и без јасна насока.

СДС на чело со Филипче, а под менторство на Заев е без компас и без стратегија.

СДС нема јасна цел, излегуваат со конфузни и контрадикторни пораки. СДС испраќа исти копи паст соопштенија, прес конференции без суштина и 10тици контрадикторни тези за иста тема.

СДС е дезориентирана партија и нема политичка визија.

СДС талка без план и без одговор на клучните прашања во општествените случувања.

Раководство на СДС како Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Јон Фрчкоски кажуваат секојдневно некакви приказни и прават театар, наместо да повикаат на одговорност, транспарентност и борба против криминалот тие го штитат Артан Груби и бегаат од темата.

СДС до толку се исплашени од Груби и контрадикторни што самите се заплеткаа во лавиринтот на криминал и коруптивните мрежи.

СДС на чело со Филипче, нема визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно.

На Македонија и е потребна одговорна и конструктивна опозиција а на политички театар. Во Македонија право и правда мора да има, а институциите да профункционираат. Секој што го прекршил законот мора да одговара, се вели во соопштението на партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk