logo
logo
logo

„НЕ ТРЕБАШЕ ТАКА“: Фрчкоски јуниор го искара Шилегов

Vecer | 19.12.2025

„НЕ ТРЕБАШЕ ТАКА“: Фрчкоски јуниор го искара Шилегов

Екс-градоначалникот и поранешен функционер на партијата, Петре Шилегов, не требаше да реагира јавно, само еден ден по изборот на новото раководство на СДСМ вели .Јон Фрчкоски, членот на Извршниот одбор на СДСМ.

Вели дека препирките меѓу лидерот на партијата, Венко Филипче и останатите членови на партијата кои бараат негова оставка, можеа да останат во самите рамки на СДСМ.

„Мене ми е криво што е тоа така бидејќи СДСМ и претседателот Филипче, особено во последните 3-4 недели, води една поразлична и интензивна кампања и нова борба за разобличување на политиките на власта во делот на корупцијата и прашањето за мигрантите. Отворивме една операција на кој начин ВМРО-ДПМНЕ одговара на сето тоа и како ги трупа медиумите со лажни вести. Мене ми е криво што и нашиот член стана дел од тие вести. Им овозможи да го искористат неговото мислење, за повторно да избегаат од проблемите со кои се соочуваат и немаат одговор“, рече Фрчкоски во емисијата „Аргумент плус“.

Околу наводната иницијатива на членовите на СДСМ, Игор Ивановски – „Шема“ и Андреј Петров дека „подготвуваат удар за да ја преземат СДСМ“, Фрчкоски вели дека нема впечаток дека сопартијците имаат такво размислување. Смета дека нивните имиња можеби се искористени во таква иницијатива, без нивно влијание.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk