logo
logo
logo

Затаиле над милион евра данок – уапсени сопственици и управители на скопска златарница

Vecer | 19.12.2025

Затаиле над милион евра данок – уапсени сопственици и управители на скопска златарница

Од 2020 до 2024 година затаиле данок во износ од 64.924.298 денари (1.055.850 евра) – Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Скопје поднело кривична пријава против Б.А. и Д.Х., сопственици и управители на АРЃИРА ДООЕЛ Скопје и ги товари за даночно затајување. ОЈО Скопје издало наредба за истражна постапка против двајцата, кои биле уапсени од службени лица на Финансиска полиција.

Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.

Според Финансиска полиција првопријавениот Б.А., сопственик и управител на третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, во периодот 2020 – 2023 година присвоил златен накит во вредност од 197.742.227 денари, при што не пресметал, не пријавил и не уплатил ДДВ по даночна стапка од 18% во вкупен износ од 35.593.601 денар и Данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во вкупен износ од 21.969.161 денар, притоа придизвикувајќи штета на буџетот на РСМ во вкупен износ од 57.562.762 денари (936.130 евра).

Второпријавениот Д.Х., исто така сопственик и управител на третопријавениот правен субјект АРЃИРА ДООЕЛ Скопје, за себе и за третопријавениот правен субјект, во текот на 2024 година дел од увезената стока – златен накит и необработено сребро во износ од 2.628.932 денари, како и сметководствено евидентираниот кало-растур во грама 7.822,61, односно во износ 22.659.754 денари, ги присвоил за себе, и избегнал да пријави, пресмета и плати ДДВ по даночна стапка од 18% во вкупен износ од 4.551.963 денари и данок на личен доход по даночна стапка од 11,11% во вкупен износ од 2.809.573 денари, притоа предизвикувајќи штета на буџетот на РС Македонија за 2024 година во вкупен износ од 7.361.536 денари (нешто помалку од 120.000 евра).

The post Затаиле над милион евра данок – уапсени сопственици и управители на скопска златарница appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk