Од МВР информираат дека за неколку часа биле регистрирани 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, а 14 биле уапсени поради безобѕирно возење. Најголем дел од санкционираните возачи биле фатени без заштитна кацига, а 14 лица завршиле со лишување од слобода бидејќи управувале без возачка дозвола.
Во текот на вчерашниот ден (05.08.2026) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на целата територија на нашата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 222 возачи. Од нив, 186 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а 14 мотоцикли се одземени – соопшти МВР.
За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата