logo
logo
logo

Стратешки дијалог МАКЕДОНИЈА - САД, денеска во Вашингтон

Vecer | 07.04.2026

Стратешки дијалог МАКЕДОНИЈА - САД, денеска во Вашингтон

Втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави (САД) ќе се одржи денеска во Вашингтон, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се случува по пауза од четири години, а на неа ќе присуствува висока владина делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Заедно со него, на настанот ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за дигитална трансформација Стефан Андоновски, како и министерката за енергетика Сања Божиновска.

Со ова, како што соопштија од ресорното Министерство, се потврдува континуитетот на сојзништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредувањето на стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.

„Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со САД, со фокус на клучни области од заемен интерес, вклучително одбраната и безбендоста, кибербезбедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката, како и заедничката борба против транснационалните закани на граничната безбедност“, се вели во соопштението на МНР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk