logo
logo
logo

ТЕШКА НЕУРОЗА, СДСМ ГО НАПАДНА И АНДРЕЈ ПЕТРОВ „Го наметнуваш Игор „Шема” преку притисок однадвор за лидер на СДСМ“

Vecer | 06.07.2026

ТЕШКА НЕУРОЗА, СДСМ ГО НАПАДНА И АНДРЕЈ ПЕТРОВ „Го наметнуваш Игор „Шема” преку притисок однадвор за лидер на СДСМ“

СДСМ објави соопштение со напади врз својот поранешен истакнат функционер, пратеник и градоначалник Андреј Петров, кого го нарекува „еден од главните промотори на иницијативата за „реформи” во СДСМ – Платформа за иднина на Мицкоски – ЗНАМ 2.0“.

Според СДСМ, во емисијата „Во Центар Андреј Петров сам се разоткрил“.

„Тој беше шеф на изборниот штаб во Првата изборна единица на последните парламентарни избори во 2024 година – единицата во која СДСМ постигна историски најлош резултат, освојувајќи само тројца пратеници. Сега, истиот тој човек излегува и вели дека СДСМ е во „финале на едно фијаско” и дека „ниедна добра програма не може да победи катастрофално владеење”.

Петров отворено вели дека два пати разговарал со Венко Филипче, но дека „не вреди да се преговара со него бидејќи не го исполнува она што ќе се договори” – што значи дека претседателот Филипче не сака да прави што му вели оваа група која работи за Мицкоски – пишува СДСМ во соопштение.

Според СДСМ, „особено е цинично кога Петров вели дека Игор Ивановски е решението за брза консолидација на партијата и дека анкетите во членството покажуваат дека тој би победил на регуларни внатрепартиски избори.

„Сега сакаат да го наметнат Игор Ивановски Шема” преку притисок однадвор и со луѓе кои ја рушеа партијата во 2024, заедно со луѓе од ЗНАМ и некои членови на други партии, а не преку демократски процес во партијата“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Според СДСМ, Андреј Петров не е никаков реформатор, туку е дел од проблемот кој сега сака да се претстави како решение.

„Оваа иницијатива не е обид за реформа. Тоа е обид на луѓе кои директно учествуваа во поразот да се ребрендираат како спасители, додека во исто време ја напаѓаат партијата однадвор во момент на нејзина консолидација“ – пишува во соопштението на СДСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk