Вечерва по повод 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во Битола се одржува прослава под насловот “Идеја што не запира, вредности што носат промени”.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски одржа историски говор, во кој без задрршка зборуваше за актуелните искушенија со кои се соочува партијата поради уништената држава и деморализираниот народ од претходната власт, се обрати до опозицијата, со партиските членови и со особена гордост им се заблагодари за основачите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во преполната Хераклеа во Битола, Мицкоски посочи што ќе сработи во иднина за Македонија да стане место за кое се сонува, а не се бега.

- Со неизмерна чест и одговорност стојам пред вас на овој ден кога одбележуваме 35 години од основањето на нашата партија — нашата голема, наша вечна идеја. Идејата која не прекинува, која не паѓа, која гори во срцата на секој од нас. ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка организација. Тоа е жив дух, потекло и продолжение на македонската борба за слобода и правда. Нашата партија, како легитимен и идеолошки наследник на историското ВМРО од 1893 година, го носи товарот и светлината на една борба што трае повеќе од век и половина. Од првите денови на Внатрешната македонска револуционерна организација, која се крена против неправдата и угнетувањето, па до денес, кога ние се бориме против невидливи, но не помалку опасни непријатели – корупцијата, предавствата и уништувањето на институциите.

Ние сме партија која стои на темели на храброст, достоинство, родољубие и чесност. Партија во чии штабови, на чии настани се уште се живи приказните и се раскажува за жртвата на Христо Узунов, се поклонува пред делото на Гоце Делчев, се уште се паметат херојските дела на Александро Турунчев, Ѓорче Петров, Карев. На овие темели градиме иднина. И затоа денеска, во ова време на надеж, ви велам – ВМРО-ДПМНЕ е светилникот што ја осветлува темнината која долго време ја покриваше нашата земја – изјави премиерот на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва по повод 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во Битола каде се одржува прослава под насловот “Идеја што не запира, вредности што носат промени”, посочи во говорот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Нашата фотелја не е крајна цел, туку должност, должност кон народот, кон Македонија
- Нашата држава беше предмет на долготрајно уназадување и разрушување. Седум години владеење на ДУИ и СДСМ кои оставија длабоки рани. Рани кои се гледаа во секоја институција, во секој агол од нашата Македонија. Корупција што ги рушеше темелите на правдата. Предавства што ги поткопаа државните интереси. Руинирање на институциите, со што нашите граѓани останаа разочарани и без надеж. Но силна решителност народот повторно ја зема власта во свои раце, а ВМРО-ДПМНЕ застана како вистински чувар на промените кои се неопходни. Целата наша енергија и секој наш чекор се насочени кон обновување и стабилизација на државата. Затоа, да не заборавиме – нашата фотелја не е крајна цел, туку должност. Должност кон народот, кон Македонија.

И немојте никогаш да заборавите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и каде ќе се вратиме по сето ова. Најскапата работа што еден човек може да ја остави на своите потомци, не се парите, не е имотот, туку честа и чистиот образ. Како што мудро знаат нашите да кажат, не смеат функционерите да заборават дека: макадамот по селата и улиците е повистински, и поавтентичен и помек од килимот по хотелите и канцелариите, заради реалноста која ја има во себе и чекорот на своите сограѓани кои чекорат по него, а фотелјата е секогаш понеудобна од гајбата пред кооперација, заради тоа што таму извира твојата моќ и твојата цел. Токму затоа, сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба. Клупата во вашите маала е таму кај што мора да знаете дека еден ден пак ќе се вратите и ќе мора луѓето таму да ги погледате во очи и со гордо крената глава да им кажете, јас го направив тоа за вас, јас се борев за вас, и да не се срамите и да се криете од нивните прекорни погледи, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Партиските членови да не забораваат кои се, од каде дошле и кому му служат
- Несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување. Достојното и пријателско седење на столчето или гајбата пред кооперацијата, на клупата во маалото, носи пријатели, поддржувачи и вистинска сила за идејата. Таму лежи основата на вистинската политичка иднина и на честа и на нашиот образ.

Во овие мигови на промени, апелирам до сите наши функционери и членови: не заборавајте кој сте, од каде дојдовте, и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да демонстрираме волја и докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти како оние кои владееја со земјата во минатото.

За да демонстрираме одговорност како гарнитура и да покажеме разлика и тоа кои сме и за што се залагаме, јас нема да престанам да барам отчетност од секој еден од вас. Секое отстпапување од вредностите кои ги застапуваме нема да остане неказнето или неприметено. И ниту еден од вас не е незаменлив, колку и да е близок до мене. И мора да знаете ниту една ваша функција, ниту една позиција не ви е сигурна, и таму ќе бидете се додеа служите и заедно работиме за народот, посочи Мицкоски.

Ние сме тука да направиме она што е правилно, да ги исправиме грешките и да ги санираме штетите од минатото
- Денеска, кога ја одбележуваме јубилејната година од основањето на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, на денот кога го славиме не само бројот на годините, туку и патот што го минавме како народ и како политичка сила, се чувствувам повикан и обврзан да зборувам за она што сме, што бевме и што ќе бидеме. Овој ден не е само празник, туку повик на одговорност, повик на надеж и повик на заедништво.

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци, се бореше за свој идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност. Не треба никој да заборави дека тоа се темели изградени со човечки страдања, со крикот на илинденците и победата на АСНОМЦИТЕ, со заветот на комитите и војводите, со плејадата мажи и жени кои гинеле за нашата слобода, кои поразите ги надминувале со пркост, а до победите доаѓале со надеж и непобедлива волја. Она што оваа партија ја разликува од другите е нејзината непоколеблива вера во народот, во неговите вредности и во правдата како наш најсилен стожер.

И затоа овие бели и мудри глави кои денес се заедно со нас, но и многумина кои веќе не се со нас, но чие дело го паметиме, ја потврдуваат историската грамадност на оваа организација која постела, постои и ќе продолжи да постои за нашата единствена и најголема кауза -МАКЕДОНИЈА – истакна премиерот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија.
Вечерва по повод 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во Битола се одржува прослава под насловот “Идеја што не запира, вредности што носат промени”.

ВМРО-ДПМНЕ постоела, постои и ќе постои за нашата единствена и најголема кауза - МАКЕДОНИЈА!
- Во растењето на партијата, во нашите порази и победи се вклучени многу наши браќа и сестри. И оние кои се наши истомисленици, но и оние кои размислувале различно, но сепак ги споделуваат нашите идеи и во чии срце е ВМРО, сакам да испратам благодарност за нивната преданост и нивната искрена желба за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ за многумина е партија, но и за многумина од нас е пред се идеја што не запира и вредности кои носат промени. Тие промени ја донесоа независноста, таа жед за своја држава донесе да учествуваат во создавањето на темелите на државата, кои многупати потоа беа силно разнишувани, разјадувани и уништувани. Но ние не се откажвме. Затоа што верувавме во нашата идеологија и затоа што ја сакаме нашата татковина.

Но, мораме да признаеме – периодот што го оставивме зад себе не беше лесен. Последните седум години беа години на катастрофално владеење од страна на ДУИ и СДСМ, полни со корупција, предавства и разнишување на нашите институции. Институции кои беа столбови на државата, сега беа рушевини. Вербата на народот беше разнишана, економијата заглавена, политичарите потонати во корупција, стандардот на граѓаните паѓаше од ден на ден. Луѓето беа разочарани, уморни, полни со апатија, страв и неизвесност. И токму поради ова, нашиот влез во владата пред една година беше повеќе од промена на гарнитура. Тоа беше нов почеток и потврда дека народот не заборавил, дека народот не се откажал, и дека сега почнуваме да градиме темели – темели на промени, темели на чесност, темели на работа и правда.
Ние не сме тука да ветуваме лесни приказни или брзи решенија. Не!…Ние сме тука да направиме она што е правилно, да ги исправиме грешките и да ги санираме штетите од минатото.

Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави
- Ние сме новата надеж. Ние сме промена која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките и да постави правичен ред и правда.Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но денес, со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките во Европа со четвртиот највисок економски раст на БДП.

Сепак, ние не треба да се фалиме со бројките. Знаеме дека овој раст не е доволен, дека народот сè уште не го чувствува подобрувањето во својот секојдневен живот. Затоа упорно работиме на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на условите за сите работници, особено младите, земјоделците и пензионерите. Македонија нема повеќе да биде земја на понижување и предавство. Нашата надворешна политика е достоинствена, принципиелна и базирана на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет – изјави премиерот на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва по повод 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во Битола каде се одржува прослава под насловот “Идеја што не запира, вредности што носат промени”.

Тој не ги изостави поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и неговиот наследник во партијата, Венко Филипче:
- Не можеме да дозволиме да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси. И да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно на власт. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори, и дека Филипче во Атина е исто што Заев во Атина и Софија заедно.
Ние сме тука за да изградиме праведно општество, во кое нема привилегирани, туку правда за сите. И за тоа ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе злоупотреби довербата на народот, посочи Мицкоски.

Тука сме да ги исправиме грешките од минатото, нема назад!
- Тука сме да ги исправиме грешките од минатото, нема назад, истакна вечерва од Битола претседателот и премиер на Република Македонија Христијан Мицкоски.
-Ние не сме тука да ветуваме лесни приказни или брзи решенија. Не!…Ние сме тука да направиме она што е правилно, да ги исправиме грешките и да ги санираме штетите од минатото. Се знае, нема назад, рече Мицксоки во својот говор.

- Со неизмерна чест и одговорност стојам пред вас на овој ден кога одбележуваме 35 години од основањето на нашата партија — нашата голема, наша вечна идеја. Идејата која не прекинува, која не паѓа, која гори во срцата на секој од нас. ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка организација. Тоа е жив дух, потекло и продолжение на македонската борба за слобода и правда. Нашата партија, како легитимен и идеолошки наследник на историското ВМРО од 1893 година, го носи товарот и светлината на една борба што трае повеќе од век и половина. Од првите денови на Внатрешната македонска револуционерна организација, која се крена против неправдата и угнетувањето, па до денес, кога ние се бориме против невидливи, но не помалку опасни непријатели – корупцијата, предавствата и уништувањето на институциите, истакна Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ е светилникот што ја осветлува темнината која долго време ја покриваше нашата земја рече лидерот на партијата.

- Ние сме партија која стои на темели на храброст, достоинство, родољубие и чесност. Партија во чии штабови, на чии настани сеуште се живи приказните и се раскажува за жртвата на Христо Узунов, се поклонува пред делото на Гоце Делчев, сеуште се паметат херојските дела на Александро Турунчев, Ѓорче Петров, Карев. На овие темели градиме иднина. И затоа денеска, во ова време на надеж, ви велам – ВМРО-ДПМНЕ е светилникот што ја осветлува темнината која долго време ја покриваше нашата земја, рече Мицкоски.

СДСМ и ДУИ од 7 годишното владеење ни оставија длабоки рани
- Нашата држава беше предмет на долготрајно уназадување и разрушување од претходните гарнитури. Седум години владеење на ДУИ и СДСМ кои оставија длабоки рани. Рани кои се гледаа во секоја институција, во секој ќош од нашата Македонија. Корупција што ги рушеше темелите на правдата. Предавства што ги поткопаа државните интереси. Руинирање на институциите, со што нашите граѓани останаа разочарани и без надеж. Но, со силна решеност, народот повторно ја зема власта во свои раце, ВМРО-ДПМНЕ застана како вистински чувар на промените кои се неопходни. Целата наша енергија и секој наш чекор се насочени кон обновување и стабилизација на државата. Затоа, да не заборавиме – нашата фотелја не е крајна цел, туку должност. Должност кон народот, кон Македонија, посочи Мицкоски и додаде:

- Немојте никогаш да забравите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и каде ќе се вратиме по сето ова. Најскапата работа што еден човек може да ја остави на своите потомци, не се парите, не е имотот, туку честа и чистиот образ. Како што мудро знаат нашите да кажат, не смеат функционерите да заборават дека: макадамот по селата и улиците е повистински, и поавтентичен и помек од килимот по хотелите и канцелариите, заради реалноста која ја има во себе и чекорот на своите сограѓани кои чекорат по него, а фотелјата е секогаш понеудобна од гајбата пред кооперација, заради тоа што таму извира твојата моќ и твојата цел. Токму затоа, сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба. Клупата во вашите маала е таму кај што мора да знаете дека еден ден пак ќе се вратите и ќе мора луѓето таму да ги погледате во очи и со гордо крената глава да им кажете, јас го направив тоа за вас, јас се борев за вас, и да не се срамите и да се криете од нивните прекорни погледи.

- Несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување. Достојното и пријателско седење на столчето или гајбата пред кооперацијата, на клупата во маалото, носи пријатели, поддржувачи и вистинска сила за идејата. Таму лежи основата на вистинската политичка иднина и на честа и на нашиот образ. Во овие мигови на промени, апелирам до сите наши функционери и членови: не заборавајте кој сте, од каде дојдовте, и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да демонстрираме волја и докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти како оние кои владееја со земјата во минатото, додаде Мицкоски.

Македонија не се гради само со бројки и економски показатели, туку и со чување на традицијата и вредностите
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Хераклеа порача дека Владата ќе продолжи со имплементација на конкретни проекти кои ќе донесат вистински економски развој и подобрување на стандардот.
Целта на Владата, истакна во обраќањето по повод 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, е да изгради праведно општество во кое нема да има привилегирани, туку ќе има правда за сите и за тоа, потенцира, ќе биде безмилосна кон секој што ќе ја злоупотреби довербата на народот.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но, денес, нашата држава е една од најбрзорастечките во Европа со четвртиот највисок економски раст. Сепак, силна Македонија не се гради само со бројки и економски показатели, туку и со чување на традицијата и вредностите кои не дефинираат како народ. Конзервативните вредности на семејството, традицијата, трудот, честа, нацијата, редот, правдата и одговорноста се нашиот стожер. Тие вредности не водат низ темнините и не крепат во време на предизвици. Секоја промена почнува од дома, од личната одговорност и од свеста дека само заедно можеме да направиме голема разлика, истакна Мицкоски.

Не треба да се фалиме само со бројките
-Ние не сме партија која ветува празни зборови. Нашите дела се најсилната порака. Во првата година успеавме да го стабилизираме економскиот раст – четврти највисок во Европа. Но, тоа не е доволно. Народот го чувствува товарот од минатото и се уште очекува промени кои ќе ги подобрат животите. Знаеме дека растот не е доволен, дека народот се уште не го чувствува подобрувањето во својот секојдневен живот. Затоа упорно работиме на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање нови работни места, на подобрување на условите за сите работници, особено младите, земјоделците и пензионерите, подвлече Мицкоски.
Тој изнесе 15 конкретни мерки на кои се фокусира Владата: инвестиции во инфраструктурата (подобри патишта, железници и енергетски мрежи), поддршка за домашните компании преку олеснети услови за работа, создавање нови работни места со фокус на младите, подобрување на условите за работниците (сигурност и достоинствено плати), програми за стабилност и развој на земјоделството, зголемување на пензиите и подобрување на социјалната заштита и унапредување на здравството (изградба на нови болници, современа опрема и квалитетен кадар).
Меѓу мерките се и реформи во образованието, јакнење на борбата против корупцијата со нулта толеранција, промоција на конзервативните вредности како темел на стабилно општество, создавање програми за поддршка на семејствата, поддршка на културните и традиционалните вредности, програми за развој на малите и средни претпријатија, зголемување на транспарентноста во работењето на државните институции, како и јакнење на регионалната соработка со соседите на принципи на достоинство и национален интерес.
Мерките, рече Мицкоски, ќе се спроведат преку конкретни чекори, како имплементација на Новата енергетска стратегија која треба да обезбеди домашно производство, поевтина струја, национален инфраструктурен проект за автопати, железници, канализации, воведување државна гаранција за стартапи, специјална програма за младински субвенции за станбено домување, фонд за технологија и иновации за ИТ секторот, закон за заштита на домашното земјоделство и откупните цени, нови болници и дигитализација на здравството, реформа на образованието со фокус на вештини и домашен квалитет, масовна дигитализација на администрацијата, укинување на партизацијата во јавниот сектор, закони за гарантирана еднаквост пред судовите, лустрација на криминал во јавни набавки, национален план за враќање на младите од дијаспората.
-Нашата идеја не запира, нашата волја не се крши, најдоброто допрва доаѓа. Секој од овие чекори е дел од нашата стратегија за долгорочен развој. Нашата желба е секој граѓанин да осети подобрување во својот живот. Затоа и велам – тешко е сега, но нема да отстапиме, нема да се откажеме. Јас сум горд што сум дел од овој тим и оваа партија. Мојата лична приказна е приказна за човек кој никогаш не се предал, кој секогаш верувал во Македонија и нејзиниот народ. Од скромни почетоци, преку тешки моменти, до позицијата на премиер, секогаш ми била водилка љубовта кон земјата и желбата да оставам подобра иднина за моите деца и за сите македонски семејства. Верувам во вас, верувам во народот, верувам во Македонија. Нашата идеја не запира, нашата волја не се крши, и најдоброто допрва доаѓа. Заедно, со чесна работа и срце полно надеж, ќе ја изградиме Македонија каква што заслужуваме, рече Мицкоски.

Ова е борба за нашите деца, за нивната иднина, за достоинствен живот во сопствената татковина
- Драги пријатели, знам колку тешко се живее во Македонија. Ги слушам вашите приказни, вашите грижи, вашите надежи. Затоа и велам дека оваа влада ќе продолжи да работи максимално, без одмор, без отстапки, до моментот кога секој човек ќе ја почувствува промената, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор во Битола.

Една своја лична приказна
- Пред многу години, како млад човек од автентично семејство, сфатив дека ништо не доаѓа само од себе. Се сеќавам како ми велеше мојот татко: „Може да имаш многу амбиции, но без чесност и труд, ништо не се гради.“ Тој совет ми стана животен столб. И денес, секој ден, ја носам таа чесност и труд како најголема вредност. Ние сме тука, заедно, да ја изградиме Македонија каква што ја сакаме – силна, слободна, горда. Секој од вас е дел од оваа борба. Нашата идеја не запира. Нашите вредности носат промени. Со вера во иднината и со непоколеблива надеж, верувам дека најдоброто допрва доаѓа. Благодарам на сите основачи, борци и членови на ВМРО-ДПМНЕ кои со љубов и посветеност го чуваат овој дух и ја водат нашата партија кон светла иднина.За Македонија. За народот. За сите нас.

Во обраќањето премиерот истакна дека во секоја историска борба која трае со децении клучот за успехот лежи во единството и свесноста за одговорноста што ја носиме како наследници на нашата земја.
- Не сме тука за да се бориме за фотелји или моќ, туку за да создадеме вистински вредности кои ќе останат засекогаш и ќе ги препознаваат идните генерации. Се сеќавам како после седумте години катастрофално владеење на ДУИ и СДСМ, кога нашите институции беа разнишани, корупцијата цветаше, а идентитетот и националниот интерес беа на удар, многумина помислија дека нема спас за Македонија. Но токму тогаш, во најтешките моменти, ние одлучивме да преземеме одговорност и да покажеме дека има надеж. Ние не сме партија која ветува празни зборови. Нашите дела се најсилната порака. Во првата година од оваа влада, успеавме да го стабилизираме економскиот раст – четврти највисок во Европа. Но тоа не е доволно. Народот го чувствува товарот од минатото и сè уште очекува промени кои ќе ги подобрат животит, посочи лидерот Мицкоски.

Ова не е борба за политички поени
- Ова е борба за нашите деца, за нивната иднина, за достоинствен живот во сопствената татковина. Понатаму, нашата влада ќе продолжи со имплементација на конкретни проекти кои ќе донесат вистински економски развој и подобрување на стандардот. Секој од овие чекори е дел од нашата стратегија за долгорочен развој. Нашата желба е секој граѓанин да почувствува подобрување во својот живот. Затоа и велам – тешко е сега, но нема да отстапиме, нема да се откажеме. Јас сум горд што сум дел од овој тим и оваа партија. Мојата лична приказна е приказна за човек кој никогаш не се предал, кој секогаш верувал во Македонија и нејзиниот народ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред крајот на говорот ја раскажа посетата на некое мало село во источна Македонија
- Еднаш, при посета на едно мало село во источна Македонија, го сретнав Трајче, пензионер кој целиот живот работел во фабрика која беше затворена. Неговите очи беа полни со тешки спомени, но и надеж. Тој ми рече: „Јас веќе немам многу години, но за моите внуци сакам Македонија да биде место каде тие ќе можат да останат и да се развиваат, а не да заминуваат.“ Тоа е нашата задача – да изградиме таква земја што ќе ја сакаат сите генерации, а не само сегашната.
Како што мудро рече Теодор Рузвелт: „Најголемата чест во животот не е никогаш да не паднеш, туку да се кренеш секојпат кога ќе паднеш.“ И ние сме тука, како народ, да се кренеме по секој пад, по секоја битка и по секоја тешкотија, посочи Мицкоски.

Проговори и за средбата во градскиот парк со мајка на две деца
Таа ми рече: „Јас не гледам многу промени сеуште, но чувствувам дека нешто се менува, гледам дека се трудите, дека правите нешто ново и нешто чисто почнува да се случува.“ Таа доверба е најголемото богатство што го имаме и го чуваме како светилник што нè води во нашата работа. Тука лежи вистинската мера на нашата работа и посветеност. Секој што ќе заборави од каде потекнува, ги губи и пријателите и народот.
Џон Ф. Кенеди рекол: „Променете светот, но почнете со себе.“ Тоа е нашиот потпис, нашата порака до секој функционер во ВМРО-ДПМНЕ – дека не сме овде за личен бенефит, туку за искрени промени и служба кон народот.

Сподели и приказна од детството
- Кога бев мал, татко ми често ми велеше: „Секогаш носи чест во срцето и никогаш не заборавај дека секој што ќе сретнеш е потенцијален сојузник или предизвик за твојата душа.“ Тоа ме научи да ги слушам луѓето, да ги разберам нивните маки и надежи, и секогаш да ги чувам вредностите на ВМРО – чест, борба и заедништво. Ние не сме само политичари. Ние сме чувари на иднината на Македонија, чувари на идејата што не запира и вредностите што носат вистински промени.
Понекогаш, кога одам назад до моето старо маало. И гледам: не се сменило многу. Само што тогаш зборувавме за соништата, а денес зборуваме и работиме на план како ќе ги оствариме.
Ќе успееме. Не заради нас, туку заради децата наши. За нив, и за секој човек кој верува дека Македонија е местото каде што сонувањето има смисла.
Да живее Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Идеја што не запира. Вредности кои носат промени. Сега е времето за Македонија кое доаѓа!

Поклон за основачите на ВМРО-ДПМНЕ
Тој на крајот од своето обраќање им се поклони на основачите на ВМРО-ДПМНЕ, на сите борци за ВМРО, на сите кои, како што истакна, воздивнуваат и треперат при секој предизвик на партијата и искрено се радуваат и втемелуваат во секој успех, на сите кои од 1990 година до денеска се дел од партијата која ја носеше и канализираше мислата и идејата за слободна, демократска и независна македонија, со свој идентитет и стремеж, да биде горда членка на европското и евроатланското семејство.
-Ние не сме тука по случајност. Тука сме затоа што идејата за Македонија, како суверена, достоинствена и праведна држава, не умира. ВМРО-ДПМНЕ не е само партија. Тоа е движење, вредност, идеологија, љубов. Тоа е макотрпното градење на домот на секој македонски човек. Им благодарам на синовите на ВМРО кои не не изневерија, ни кога беше најтешко. И на сите вас. На секој кој и без ништо, без да бара сатисфакција — гласаше, се бореше, веруваше, затоа што нема поголема сатисфакција од тоа да знаеш дека една идеја, твојата идеја живее и не запира. Ќе успееме. Не заради нас, туку заради децата наши. За нив, и за секој човек кој верува дека Македонија е местото каде што сонувањето има смисла, рече Мицкоски.
Одбележувањето 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ е под мото „Идеја што не запира, вредности што носат промени“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата