logo
logo
logo

Еве како се пронајдени 500.000 ЕВРА СКРИЕНИ ПОД БРАНИК ВО МИНИБУС ОД АЛБАНИЈА (ВИДЕО)

Vecer | 20.05.2026

Еве како се пронајдени 500.000 ЕВРА СКРИЕНИ ПОД БРАНИК ВО МИНИБУС ОД АЛБАНИЈА (ВИДЕО)

Царинската управа соопшти дека е реализирана историски најголема заплена на девизи, откако на граничниот премин Табановце биле откриени 500.000 евра скриени во специјално изработен бункер во минибус.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на прес-конференција информираше дека акцијата ја реализирал Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи.

„Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од пола милион евра пронајдени во бункер на минибус, што резултираше со историски најголема заплена на девизи“, рече Николовски.

Според информациите, девизите и возилото биле трајно одземени, а против возачот – државјанин на Албанија со иницијали Џ.Г. – била поведена постапка и веќе е донесена судска пресуда од Основниот суд Куманово.

Обидот за криумчарење бил откриен при влез во државата, кога за детална контрола бил издвоен минибус сопственост на туристичка агенција од Албанија, во кој се превезувале седум патници.

Во акцијата учествувале мобилен тим, К9 единица и Службата за мобилни скенери

„Мобилниот тим кој поседува огромно искуство веднаш забележа преправки на возилото, по што е пуштено царинско куче кое укажа на индиции за криумчарење на истото место“, изјави Николовски.

Сомнежите биле потврдени по скенирање на возилото, а потоа инспекторите го отвориле бункерот.

„Инспекторите од мобилниот тим пристапија кон отстранување на профилот во кој пронајдоа вкупно 14 проѕирни ќеси во кои беа спакувани 500 илјади евра“, додаде директорот.

Николовски порача дека секој обид за нелегален прекуграничен пренос на готовина ќе биде најстрого санкциониран и упати благодарност до тимовите кои учествувале во акцијата.

Согласно закон, запленетите девизи се предадени на Агенцијата за одземен имот, од каде потоа биле депонирани во Народната банка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk