logo
logo
logo

Петер Маѓар предложи проширување на Вишеградската група и со ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Vecer | 20.05.2026

Петер Маѓар предложи проширување на Вишеградската група и со ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, заедно со полскиот премиер Доналд Туск, денеска од Варшава испрати порака дека е време да се обнови старото влијание и сјај на Вишеградската група (В4), при што Маѓар предложи нејзино проширување и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија.

– Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји – можеби скандинавските држави, Австрија, Хрватска, Словенија, Романија и земјите од Западен Балкан кои уште не влегле во ЕУ, изјави Маѓар на заедничката прес-конференција со Туск.

Полскиот премиер исто така најави дека соработката во Централна и Источна Европа треба да биде пошироко конципирана, истакнувајќи дека овој регион стана место каде што се одлучува за судбината на Европа. Маѓар изрази надеж дека Унгарија до крајот на своето претседавање во јуни годинава ќе организира самит на В4 во Будимпешта.

Туск додаде дека проблемите во билатералните односи меѓу Полска и Унгарија биле внесени во последните години од владеењето на Виктор Орбан, но нагласи дека Петер Маѓар сега е гарант дека двете земји ќе делуваат како „една тупаница“ во ЕУ бидејќи имаат заеднички интереси.

Предлогот на Маѓар доаѓа во време кога Брисел бара нови модели за приближување на Западен Балкан кон Европската Унија. Идејата за поширока Вишеградска група би можела да отвори нов политички и економски канал меѓу Централна Европа и Балканот, особено во енергетиката, безбедноста и инфраструктурата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk