logo
logo
logo

Клковски: Се воведува превентивна цел за менталното здравје, посебно кон рано откривање депресија кај младите

Vecer | 07.04.2025

Клковски: Се воведува превентивна цел за менталното здравје, посебно кон рано откривање депресија кај младите

Денес премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Арбен Таравари и Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, во Валадата на РМ одржаа заедничка прес-конференција.

-Колку што може здравствени предизвици да се решат на примарно, а не да се препраќат на следните нивоа. Целите за контрола на рацепти, боледување и упатувања на повисоки нивоа влијаат на 10% од годишниот буџет на ординациите. Следните мерки се во подобрување за самата здравствена заштита, министерството за здравство веќе донесе пет протоколи за примарното здравство, вклучувајќи за кадриоваскуларни болести и слични болести кои ќе значат поголено внимание докторите кон овие болести, рече директорот на ФЗО на Македонија Сашо Клековски и појасни дека дополнително за тоа Фондот за здравствено осигурување воведува нови цели за превенција и рано откривање на малигни заболуваеа на простата, дебело црево и грлото на матката, за лекарите и гинеколозите кои треба да делуваат во синергија со превентивните програми со министерството за здравство.

- За првпат се воведува превентивна цел за ментално здравје и тоа посебно насочено кон рано откривање на депресија кај младите, за луѓето од 18-35 години. Истотака за првпат се воведува превентивна цел за рано откривање на типтохизам кај деца, заедно со рано откривање на деформитети на рбетниот столб, потенцира Клековски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk