Владата започнува со оптимизација на училишната мрежа која е неопходна. Со помош на УНИЦЕФ се прави обид да се спроведе во изминатите седум години, но никој не ја започнал. Нема отпуштање на наставници, туку само прераспределување на часовите за сите да имаат оптимален број. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на прашање на претничката Даниела Николова од СДСМ на собраниска седница.
- Независниот синдикат очигледно не го прочитал законот, а излегол со соопштение. Законска основа за прераспредување на наставниците во помошници на своите колеги за децата со посебни потреби постои и не е преименување во образовен асистент, тие се редовно вработени, ќе си примаат плата како наставници, само ќе учествуваат во наставата како образовни асистенти. Тоа е напишано во законот со нивна согласност ако немаат доволен број часови токму за да не ги изгубат работните места, а ние сме побарале од ресурсните центри да кажат колку треба за да ги вдомиме прво наставниците, а не да вклучување луѓе од надвор за да може тие да имаат сигурност и плата, рече Јаневска.
Во врска со тоа дали има изработена анализа за оптимизацијата, рече дека УНИЦЕФ ја изработил пред седум години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата