logo
logo
logo

26% повеќе ПОЧИНАТИ во 2020 споредено со 2019

Vecer | 24.06.2021

26% повеќе ПОЧИНАТИ во 2020 споредено со 2019

Во извештајот на Државниот завод за статистика, објавен пред една недела се наведува дека минатата година починале вкупно 25.775 граѓани, што е зголемување за дури 26% споредено со 2019 година.

-Поголем број се од машки пол, и тоа 13 914 или 54.0 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 108. Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец ноември (3.847), се наведува во извештајот.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 75.3 години кај лицата од женски пол.

-Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем и тоа во 41.6 % случаи од вкупно умрените, неоплазмите со 15.2 %, потоа следат умрените лица како последица од пандемијата на КОВИД-19 со 10.9 %, со 5.8 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем, додека умрените кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести се застапени со 5.3 % од вкупно умрените, а со 3.7 % се умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем и следат останатите, но со помала застапеност, се наведува во извештајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk