logo
logo
logo

КРИВИЧНА И 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР за возачот на Палчо

Vecer | 08.12.2023

КРИВИЧНА И 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР за возачот на Палчо

Кривична пријава и побаран 30 дневен притвор доби возачот кој го пренесе Љупчо Палевски од Белград до Турција поради случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Од МВР велат дека постојат основи на сомневање дека С.Д. сторил кривично дело помагање.

Тој се сомничи дека од 1 до 3 декември со автомобил „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на струмичка фирма, го зел Палевски од Белград и го однел во Турција, со цел да му помогне да избега и да се сокрие од органите за прогон.

Возачот кој заврши во притвор, негира вина за случајот.

Скопското јавно обвинителство побара 30-дневен притвор за Стефан Димковски по поднесената кривична пријава од МВР, а Кривичниот суд во Скопје го прифати барањето на обвинителството за 30-дневен притвор за лицето кое со возило го превезе Љупчо Палевски-Палчо од Белград до Турција за да избега од прогон за двојното убиство во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk