logo
logo
logo

КАДЕ ШТО ЗАЕВ ЗАСТАНА, ФИЛИПЧЕ САКА ДА ПРОДОЛЖИ

Vecer | 10.05.2026

КАДЕ ШТО ЗАЕВ ЗАСТАНА, ФИЛИПЧЕ САКА ДА ПРОДОЛЖИ

Венко Филипче чекори по стапките на Зоран Заев, подготвен е да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија. Тој повторно докажа дека е спремен да ја продолжи политиката на Заев, а тоа е политика на попуштање пред Бугарија и прифаќање на барања кои директно задираат во македонските национални и државни интереси, изјави Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Новиот премиер на Бугарија, Румен Радев, не е непознат фактор во бугарската политика. Неговите ставови кон Македонија, македонскиот јазик, македонскиот народ, идентитет и историја се добро познати. Тој и досега јасно покажал дека Бугарија нема намера да отстапи од своите позиции, ниту пак да се повлече од условувањата кон Македонија. Напротив, очигледно е дека официјална Софија ќе продолжи со притисоци и блокади секогаш кога тоа ќе ѝ одговара. Во вакви околности, кога е потребна јасна осуда и цврст став во одбраната на македонските интереси, Венко Филипче избра спротивен пат. Филипче и СДС го избраа антидржавниот, бугарски пат. Наместо да застанат на страната на Македонија, тие испраќат јасна порака дека доколку дојдат на власт, би ги спровеле уставните измени и би прифатиле политики кои се во согласност со барањата на Бугарија – рече Манасиевски.

Според него, Филипче и СДСМ немаат проблем со овие предавства, заради лични и финансиски интереси.

„Тоа што Зоран Заев го започна, Венко Филипче очигледно е подготвен да го доврши“, заклучи Манасиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk