logo
logo
logo

ВО КОИ ДРУГИ СЛУЧАИ СУДЕЛ СУДИЈАТА РИСТОВ, КОЈ СОЅИДА 350.000 ЕВРА?

Vecer | 20.01.2026

ВО КОИ ДРУГИ СЛУЧАИ СУДЕЛ СУДИЈАТА РИСТОВ, КОЈ СОЅИДА 350.000 ЕВРА?

Веста дека кај судијата Ѓоко Ристов се најдени 350 илјади евра пари осомничени за корупција, не е само индивидуален скандал, туку е вест која ја уништува дури и последната доверба што граѓаните ја имаа во правосудниот систем – оцени Движењето Вреди на денешната прес-конференцијата одржана од портпаролот Дритон Сулејмани.

– Вреди е убедена дека ова не е изолиран случај, туку врв на ледениот брег на еден скапан систем, кој со години ги штити силните, а ги угнетува обичните граѓани. Она што ја прави ситуацијата уште поалармантна е фактот дека Ѓоко Ристов не е непознато име за правдата. Напротив. Тој, заедно со судијата Енвер Беџети, сега прогласен за персона нон-грата беа и дел од судските одлуки што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков – рече Сулејмани.

Затоа, рече портпаролот Сулејмни, денес поставуваме неколку конкретни прашања:

– Во колку други случаи биле вклучени Ѓоко Ристов и Енвер Беџети?

– Во колку случаи биле дел од одлуки за притвор, финансиски гаранции или одложувања на постапките?

– Кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди и избегнување на одговорност за моќници?

– Главното прашање што останува е кој ги држел овие луѓе на овие позиции толку години и зошто?

– Вреди е свесна дека работата што претстои е огромна. Но, едно е нешто што не може да се преговара: целосни и независни истраги. Конкретна одговорност, со имиња и презимиња. И радикално чистење на систем скапан до срж – рече Дритон Сулејмани на пресконференцијата на Вреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk