logo
logo
logo

Средба Мисајловски – Најт: Под негово водство беа реализирани заеднички вежби, обуки и едукации на припадниците на двете армии

Vecer | 09.12.2025

Средба Мисајловски – Најт: Под негово водство беа реализирани заеднички вежби, обуки и едукации на припадниците на двете армии

Денес, во Министерството за одбрана остварив средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-На средбата на која присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер разговаравме за унапредувањето на интероперабилноста, програмите за обука и подготвеноста на армиските припадници, кои претставуваат клучен елемент на нашата заедничка посветеност на мирот и безбедноста. Изразив благодарност до генералот Најт за неговата досегашна посветеност и за значајниот придонес кон продлабочувањето и зајакнувањето на меѓусебната соработка. Под негово водство беа реализирани бројни активности, заеднички вежби, обуки и едукации на припадниците на двете армии, како и заедничко учество во мировни операции, истакна Мисајловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk