ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СОБРАНИЕТО - Еден повреден, откорнат е и семафор

Vecer | 04.08.2026

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ СОБРАНИЕТО - Еден повреден, откорнат е и семафор
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

На раскрсницата кај Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје денеска околу пладне се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа две возила, при што е повреден еден од возачите. Истовремено, на локацијата е срушен семафор.

„Денеска (04.08.2026) во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. ‘11 Октомври’ и ул. „Филип Втори“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(22) од Скопје и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, возачот на патничкото возило „голф“ со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош“, информираат од МВР.

Оттаму посочуваат дека увидот на несреќата е во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk