logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ ДА МУ ПРЕДЕСЕНА РАДЕВ - без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 01.06.2026

ФИЛИПЧЕ ДА МУ ПРЕДЕСЕНА РАДЕВ - без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче се додворува на Радев уште пред тој да стане премиер. Филипче почна да зборува за уставни измени и дека мора да се спроведат без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт. Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, беа спроведени последните уставни измени, што доведе до тоа државата да го промени уставното име, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

Тоа е таа штетна политика на СДС. Сега Филипче немајќи прибежиште, затоа што граѓаните го испратија СДС во опозиција пред скоро две години, се додворува на Бугарија, а членовите на највисокото раководство на СДС, поставени токму од Филипче, одржуваат бугарски релации со активисти кои шират бугарска пропаганда во Македонија.

Ставовите на официјална Софија се јасни: македонскиот јазик е бугарски дијалект, македонските револуционери се Бугари, и македонскиот и бугарскиот народ се ист народ во две земји.

Додека се додворува на Радев, и додека се обидува да се докопка до власт, Филипче како специјален пратеник на Бугарија во Македонија, да пренесе дека без гаранции уставни измени нема да се случат, и дека Македонија очекува испорака на пресудите од Стразбур.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се прават национални отстапки и штети на државата, сe додека нема јасни и цврсти гаранции од ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk