logo
logo
logo

17 ЛИЦА УАПСЕНИ ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ДЕНОВИ НА ЖАЛОСТ во Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово

Vecer | 23.03.2025

17 ЛИЦА УАПСЕНИ ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ДЕНОВИ НА ЖАЛОСТ во Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово

На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост.

Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се приведени 12 лица, од кои едно е малолетно.

Во Кичево е приведено едно лице – сопственик на угостителски објект, додека пак во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk