logo
logo
logo

ПОБАРАН 48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР за четири лица за пожарот во Трубарево

Vecer | 14.09.2025

ПОБАРАН 48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР за четири лица за пожарот во Трубарево

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази“, соопшти вечерва Јавното обвинителство.

„Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица“, се вели во соопштението.

Во текот на денот, јавниот обвинител издаде повеќе наредби за обезбедување докази по кои се уште постапуваат надлежните органи, а се очекуваат и резултатите од извршените мерења на загадувањето од Министерството за животна средина.

„Од опожарениот простор во Трубарево има слабо чадење од само неколку места кои веќе се затрупани“, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

Како што наведува, се фрла специјална пена врз песочната покривка за целосно сопирање на чадењето.

Пожарот избувна вчера околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад. Лекарска помош по пожарот побарале четири лица и сите се надвор од животна опасност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk