Приведен е човекот кој што го подметна пожарот на дипломатското возило на бугарската амбасада, потврдуваат од мвр за тв 24. Според информациите на тв 24 го признал делото, а кај него се најдени дополнителни докази за вандалсскиот чин. Според видео снимка што ја објави Бгнес се работи за средновечен маж кој вади шише со течност го полива едниот автомобил по што пали и другиуот. Дека сред беле ден бил подметнат пожар на диплоамтско возило потврди и МВР
МВР
Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Од владата го осудија настанот и велат дека за вакви инциденти немаат место во демократска држава.
ВЛАДА
Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите. Како влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран. Државата има капацитет и ќе одговори со целосна сила на институциите и нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија.
Остра и жестока реакција стиган и од официјална софија. За бугарското мнр инциденотот е последиа на агресивен политички говор и говор на омраза кон Бугарите
Бугарско МНР
Денешното палење на два автомобили на бугарската амбасада во Скопје е „резултат на агресивен политички говор, поттикнување омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, што создава чувство на неказнивост за сторителите. Потсетуваме дека по последниот напад со палење во Македонија врз бугарскиот културен клуб во Битола, наместо да добие соодветна казна, пироманот беше прославен и беше вклучен во предизборна политичка кампања“.
Во соопштението се вели дека бугарската држава ќе продолжи да ги користи сите воспоставени механизми за да се спротивстави на обидите за создавање атмосфера на страв кај Бугарите во Република Северна Македонија.
Ова е втор инцидент годинава пред бугарската амбасада, во јануари беа искршени стаклата , и тогаш сторителот беше итно приведен .
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата