logo
logo
logo

КОЦКАЊЕТО ДА СЕ ОГРАНИЧИ БАРА ЈАВНОСТА. Газдите бараат јавна дебата и заштита на нивниот голем профит

Vecer | 15.06.2026

КОЦКАЊЕТО ДА СЕ ОГРАНИЧИ БАРА ЈАВНОСТА. Газдите бараат јавна дебата и заштита на нивниот голем профит

Голем притисок од јавноста за регулација и ограничувања на коцкањето, односно отварањето секој ден нов кладилница или покер автомати вроди со плод. Тргнаа законски измени.

Комисијата за финансии и буџет одобри со 10 гласа „за“ организирање јавна дебата за Законот за игрите на среќа и забавните игри, без ниту еден глас против или воздржан.

Одлуката е донесена по три поднесени барања од пратеничката група на СДСМ, асоцијацијата АПИС и претставници на индустријата за игри на среќа во рамки на Стопанската комора.

Асоцијацијата АПИС ја поздрави одлуката за јавна дебата, нагласувајќи дека за првпат на секторот му се дава можност со експертиза да придонесе во изработката на законот.

Според актуелниот предлог-закон, се предвидуваат строги ограничувања за рекламирање на игрите на среќа, вклучително забрана за промоции кои ги прикажуваат како пат до финансиски успех, како и забрана за користење јавни личности и таргетирање на малолетници.

Исто така, објектите за игри на среќа треба да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата, а во оваа зона е забрането поставување електронски уреди за игри на среќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk