logo
logo
logo

„ТАА Е ЖЕНА И МАЈКА“ Мицкоски го повика Трендафилов да ѝ се извини на Дафина Стојаноска

Vecer | 12.02.2026

„ТАА Е ЖЕНА И МАЈКА“ Мицкоски го повика Трендафилов да ѝ се извини на Дафина Стојаноска

Премиерот Мицкоски денеска го повика претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, да ѝ се извини на пратеничката Дафина Стојаноска, за која Трендафилов вчера побара одземање на имунитетот и одговорност поради објавувањето на видеото со неговите деца.

– Јас го видов тоа што го кажуваше господинот Трендафилов, јас видов еден човек којшто беше премногу нервозен, истури една салва навреди, но ние сме јавни личности, навикнати сме на тоа. Многупати сум рекол дека секој оној кој пледира да биде јавна личност треба да биде свесен дека ќе биде подложнен на јавна критика. Некогаш тоа е вистина, некогаш тоа е невистина, јас можам да кажам во мојот случај, дека во најголема мерка сите они работи коишто се кажуваат како јавна критика и на социјалните медиуми и од страна на одредена група медиуми се невистинити, но тоа е што е. Ние сме ја одбрале оваа професија и со тоа треба да живееме и со тоа имаме одговорност.

Го видов она бледо оправдување дека бил службено, па затоа го користел службеното возило, а уште повеќе сум загрижен дека нивото на култура на човек којшто вчера ја испушти шансата да биде над ситуација и како загрижен родител, барем така се обидуваше да се претстави, барем речникот да му биде попристоен. Бидејќи сепак станува збор за жена, мајка, таму никој на тоа видео не ги покажува малолетните деца на господинот Трендафилов, напротив, јас колку што можев да видам многу е внимавано на тоа, но мораше господинот Трендафилов да биде малку покултурен со својот речник и сите оние навреди кои ги кажа заслужуваат да денеска пратеничката Дафина Стојаноска добие извинување од негова страна, вели Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk