logo
logo
logo

Села за Таравари

ПОГРЕШНА Е ПРОЦЕНКАТА ДЕКА МОЖЕ ДА ПРИДОНЕСЕ ВО ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, политички актер кои прифатил сервилност во Владата

Vecer | 08.05.2025

ПОГРЕШНА Е ПРОЦЕНКАТА ДЕКА МОЖЕ ДА ПРИДОНЕСЕ ВО ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ, политички актер кои прифатил сервилност во Владата

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата – погрешна е проценката дека може да даде каков било придонес во целите на Евопскиот фронт.

Вака Зијадин Села ги коментира изјавите на Арбен Таравари дадени периодов и неговата улогата во владината коалиција.

- Јас сум во тешка политичка позиција за да ги коментирам и анализирам политичките чекори кои ги прави Таравари, бидејќи за жал, бев многу свесен минатата година кога многу инсистирав Алијанса на Албанците треба да оди сама на избори. Тоа беше многу важен момент.

Сега кога зборуваме во оваа ситуација, се враќаме на темата за одлуките кои ги донесовме, за волја на вистината и јас и Таравари гласавме дека треба да одиме сами на избори. Тој потоа избега од одговорноста, не се соочи со членството, со органите на партијата и донесе своеглава одлука да замине во ВЛЕН.

На некаков начин ист е односот и сега. Не дека имаме информации што се случува таму, како и што се размислува, но мислам дека ако веќе ДУИ и Ахмети со ова сакаат да го контекстираат легитимитетот на Владата, мислам дека не го имаат избрано добро политичкиот актер, бидејќи Таравари нема политичка симболика, ниту е претседател на политичка партија кој го има брането овој легитимитет.

Тој има симболика на политички актер кој има брането сервилност и има прифатено за нашите политички преставници да избира некој премиер. Во случајот Христијан Мицкоски, изјави Зијадин Села, претседател на Алијанса на Албанците

Фото: Принтскрин Телма

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk