Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи.
Во програмата на министерот се предвидени и средби со претставници на повеќе инвестициски фондови и катарски компании, како и потпишување на неколку билатерални документи.
Се очекува за време на посетата да биде потврдена заемната подготвеност за натамошно јакнење на односите меѓу Северна Македонија и Катар во сите сфери од заемен интерес.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата