logo
logo
logo

Владата го усвои ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ ЗА 2026 ГОДИНА

Vecer | 02.02.2026

Владата го усвои ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ ЗА 2026 ГОДИНА

Владата го објави годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година кој започнува масивни инвестиции од над 5,7 милијарди евра во производство и складирање на електрична енергија.

Министерката Сања Божиновска, денеска на прес-конференција појасни дека планот вклучува реализација на 67 нови енергетски објекти за производство на електрична енергија со моќност од најмалку 1 мегават, со вкупна инсталирана моќност од 4.416,8 мегавати и проценета инвестиција од 3,735 милијарди евра. Од овие, 59 се фотоволтаични електроцентрали со моќност над 3.000 мегавати и вредност од 2,1 милијарда евра, 7 ветерни електроцентрали со 907 мегавати и 1,18 милијарда евра и една когенеративна гасна електроцентрала со 495 мегавати и 445 милион и евра, значајна за балансирање на системот.

‒Овој план не е само список на желби, туку конкретен стратешки документ кој ја трансформира нашава енергетска слика и зацврстува независноста, истакна Божиновска.

Од 284 барања, одобрени се 97 компании по принцип „прв дојден, прв услужен“. Вклучени се и 56 општински проекти од Македонски Брод, Лозово, Дебарца, Кавадарци, Куманово, Брвеница и Кочани, со анализи за мрежна стабилност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk