logo
logo
logo

Малку им беше корупцијата со вакцините, ЗАЕВ И ФИЛИЧЕ МУ НУДЕЛЕ ПОМОШ НА ЖАН МИТРЕВ “ЗА ПРОЦЕНТИ“

Vecer | 21.01.2026

Малку им беше корупцијата со вакцините, ЗАЕВ И ФИЛИЧЕ МУ НУДЕЛЕ ПОМОШ НА ЖАН МИТРЕВ “ЗА ПРОЦЕНТИ“

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на др. Жан Митрев во замена за неговата болница.Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз др. Жан Митрев за да на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата,oбвини Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако биле замрзнати личните сметки на др. Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка.

Но, Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на др. Жан Митрев, да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка.

Овој однос и начин на функционирање на СДС, за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата Жан Митрев, не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат.

Изјавите на др. Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДС, Заев и Филипче, кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk