logo
logo
logo

2% ДОВЕРБА И 100% ПОТВРДА ЗА „БОНУСИТЕ ЗА СЈО“ - Обвинителството на Ислам Абази од ДУИ го штити криминалот на СДСМ во институцијата

Vecer | 12.02.2026

2% ДОВЕРБА И 100% ПОТВРДА ЗА „БОНУСИТЕ ЗА СЈО“  - Обвинителството на Ислам Абази од ДУИ го штити криминалот на СДСМ во институцијата

По прашањата кои Вечер.мк вчера ги испрати до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со нивната одлука да нема истрага по кривичната пријава од ВМРО-ДПМНЕ за случајот познат како „Бонусите за СЈО“, од ОЈО ГОКК попладнево стигна одговор - дека нема одговор на ниедно од прашањата.

- ОЈО ГОКК останува на претходно дадениот одговор, стои во официјалниот емаил испратен до нашата редакција.

Вечер.мк повторно се обрати до истото обвинителство со следниот емаил:

„Благодарам за вашиот емаил, но во него нема одговор на поставените прашања од нашиот медиум Вечер.мк кои се конкретни и прецизни.

Во вашето посочување дека сте одговориле некаде на нашите прашања, нема ниту еден одговор на ниту едно од прашањата.

На крај, уште еднаш ве молиме да добиеме прецизни одговори на поставените прашања согласно темата која е од темелен јавен интерес.“

Кои се прашањата на кои Вечер.мк побара одговор по одлуката на јавното обвнителство за гонење организиран криминал и корупција да нема истрага по кривичната пријава против 10-те поранешни специјални обвинители за незаконски исплатените 4,6 милиони евра за бонуси?

1. Дали за донесената одлука предметот бил рефериран пред јавниот обвинител на РСМ или пред проширен колегиум на ЈОРМ ?

2. Дали за донесената одлука, согласно подзаконските акти и задолжителните упатства во јавното обвинителство, благовремено е информиран јавниот обвинител на ЈОРМ и прес службата на ЈОРМ?

3. Јавниот обвинител од ОЈО ГОКК дали при одлучување по предметот, постапувал согласно напатсвијата на непосредно повисокиот јавен обвинител, односно напатсвијата од страна на вишото јавно обвинителство?

4. Дали во својство на осомничени се сослушани пријавените јавни обвинители од поранешното специјално обвинителство, како и кои други процесни дејствија се превземени од страна на предметниот обвинител?

Шеф на обвинителството за организиран криминал и корупција е Ислам Абази, близок до Али Ахмети и поставен на таа позиција во времето на власта на СДСМ и ДУИ.

Освен прашањата за јавното обвинителство, јавноста очекува и одговор од партијата ВМРО-ДПМНЕ, како подносител на кривичната пријава за „Бонусите за СЈО“ да даде одговор до јавноста дали се известени од ЈОРМ ГОКК за донесената одлука да нема истрага за бонусите на СЈО.

Истрагата се однесува на додатоците на плата што ги добивале обвинители и вработени во СЈО. Прашањето за законитоста на овие исплати беше отворено по ревизорски извештаи на Државниот завод за ревизија, кои укажаа на незаконско делење на пари и предизвикаа сериозни реакции во јавноста.

Во меѓувреме, поранешната обвинителка од СЈО Лејла Кадриу обвини дека специјалното обвинителство работело како штаб на СДСМ. Според неа, кај нив доаѓале високи функционери на СДСМ и се работело незаконски. ВМРО-ДПМНЕ го повикува обвинителствто да ги провери овие сведочења.

Обвинителството за гонење на организиран криминал во август 2025 година, донело одлука да нема истрага по кривичната пријава за бонусите на СЈО, јави Алфа ТВ.

Тоа е периодот веднаш по 29 јули 2025 година, кога пратениците со 71 глас „за“ ја изгласаа интерпелацијата на државниот јавен обвинител, што ја поднесе опозициската Левица.

По изгласаната интерпелација, премиерот Мицкоски на почетокот на август изјави дека правните ограничувања во предизборниот период го блокираат процесот за преземање конкретни чекори за продолжување на постапката за разрешување на Коцевски.

Во истиот период, обвинителството за организиран криминал и корупција, каде се и 9 од 10 поранешни специјални обвинители - донело одлука да ја заштити неказнивоста, оневозможувајќи независна истрага и непристрасно докажување на случајот со бонусите на СЈО пред независен орган - во случајов пред Судот.

Со ова, сами себе се изземаат од правосудниот систем како недопирливи за истрага и тоа е државен удар - формирана група недостапна за законот и за одговорност.

Со тоа, обвинителството за организиран криминал и корупција де факто спроведува државен удар по принципот на СЈО како во времето на режимот на Зоран Заев и СДСМ во кој самоволието и неказнивоста за незаконското работење на специјалните обвинители останува ултимативна цел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk