logo
logo
logo

Обвинителите ги чека НОВ ЗАКОН: ДОСЕГА БЕА НА 2% ДОВЕРБА, А 100% ПЛАТА

Vecer | 10.03.2026

Обвинителите ги чека НОВ ЗАКОН: ДОСЕГА БЕА НА 2% ДОВЕРБА, А 100% ПЛАТА

Со 75 гласови „за” и ниту еден „против“, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување на Предлог-законот за Јавното обвинителство, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. За Предлог-законот за Јавното обвинителство во наредните денови треба да се одржи јавна дебата во рамки на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пратеникот Љупчо Пренџов на денешната седница ја потенцираше потребата од носење на овој закон потсетувајќи дека во минатото Јавното обвинителсто се користело, како што рече, како алатка за пресметка со политичките противници.

-Преку јавното обвинителство во оваа држава се прекројуваа и се носеа закони, се прекројуваат и носеа устави спротивно на волјата на мнозинстството граѓани во Македонија. Преку ЈО се интервенираше во законски решенија, во правење на поголеми или помали коалици во ова Собрание. Обвинителите беа оние кои не само што ја урнисаа сопствената доверба, туку ја урнисаа и довербата со системот. Машите беа тие, други ги даваа наредбите, истакна Пренџов.

Пратеникот нагласи дека на Македонија и треба закон кој ќе се донесе со широка јавна расправа во која ќе бидат вклучени експерти, по редовна, а не по скратена постапка во собраниските процедури.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk