logo
logo
logo

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП и ги злоупотребуваа државните ресурси

Vecer | 17.02.2026

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП и ги злоупотребуваа државните ресурси

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста и шири дезинформации, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста добро памети дека Зоран Заев и Венко Филипче одеа на настани во Македонија со државен хеликоптер. ДУИ пак, владиниот авион го користеше и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДСМ го користеле 25 дена“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев и Филипче, се додава, летаа од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка.

„Зоран Заев со Венко Филипче и Јагода Шахпаска, со хеликоптер на МВР, летаа до Прилеп на означување почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка во сред пандемија. Заев и Филипче, наместо за борба против ковид 19, парите ги трошеа за летање со хеликоптер од Скопје до Прилеп. Заев и Филипче ги злоупотребуваа државните ресурси, имајќи предвид дека едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали“, се вели во соопштението.

СДСМ, се додава, наместо демагогии и лаги, да понудат идеи и конкретни решенија за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и државата.

„Времето на недомаќинско работење како во времето на СДСМ заврши. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на работа која носи резултати за подобар животен стандард на граѓаните“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk