logo
logo
logo

Погледнете ги цените на Телеком и А1 во Германија и Австрија... ЗАТОА ЌЕ СЕ РАСПИШЕ ТЕНДЕР ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР

Vecer | 27.05.2025

Погледнете ги цените на Телеком и А1 во Германија и Австрија...  ЗАТОА ЌЕ СЕ РАСПИШЕ ТЕНДЕР ЗА ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР

Македонија има едни од најскапите услуги за користење мобилни телефони, особено за интернет, во однос на капацитетот и брзината на интернет кој се дава за одредена цена, а за Интернет е повисока дури и од Германија иако платите во компанијата, и цените за работа на се друго за Телеком Македонија и А1 се двојно или повеќе помали отколку во Германија и Австрија.

Пример ТЕЛЕКОМ, германска компанија која дава интерент и мобилни услуги. Посетете ја нивната матична компанија на сајтот Telekom.de и споредете ги цените на услугите за интернет особено за кој опсег и брзина се таму и овие овде. Доказот ќе биде пред ваши очи. Прескапо е во Македонија во однос на Германија кај ист мобилен оператор. Квалитетот, грижата за корисници и поддршката, како и стабилноста се дополнително на германската страна од Телеком.

За 1000 Mbit-sekunda интернет цената во Германија е 1.200 денари месечно - кај нас за таа услуга XXL пакет се плаќа 4.000 денари месечно. За 300 Mbit-sekunda во Телеком Германија се плаќа  1.200 денари, во Македонија 1.500 денари. Цените се од истата компанија, од Телеком. За сите дополнителни детали, плус услуги за овие пари, можете да се информирате на нивната германска веб страна.

Слична е состојбата и со цените на А1 во нивната држава, Австрија, кои се значително помали од нивните цени во Македонија со далеку постабилен интерент и мобилна телефонија, и подобра поддршка за корисниците. Ова се цени во најскапиот пакет, без обврска од нив да купите телефон.

Цените на кирија, работна сила и одржувањето во Македонија се повеќе од двојно помали од тие во Германија и Австрија, и брзината и стабилноста на интеренет се помали. За погоелма цена.

Затоа, на Македонија и е потребен трет мобилен оператор кој ќе влијае на намалување на цените на Телеком и А1 до ниво кое е реално за нивната дадена услуга.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави дека ќе распише јавен тендер со јавно наддавање за доделување радиофреквенции, откако пристигнаа писма за искажување интерес од три компании: ONE Македонија, Битстрим Мобиле и е& ППФ Телеком Груп.

ONE Македонија предложи измени во условите, вклучувајќи можност за плаќање на рати, попусти за нови оператори, ревидирање на обврските за 5G покриеност и одложување на почетокот на комерцијално работење. АЕК прифати дел од нив, меѓу кои е ревидирање на условот за 5G покриеност – сега се бара сите населени места да имаат 5G сигнал до 2032 година – и дозволи старт со мрежа во најмалку еден град до крајот на 2026 година. Сепак, предлозите за намалување или одложување на плаќањата беа одбиени поради законски ограничувања.

Битстрим Мобиле изрази интерес за фреквенции што не беа опфатени со првичната Намера, па АЕК најави дека ќе објави нова процедура за тие опсези. Од друга страна, е& ППФ Телеком Груп оцени дека минималните надоместоци се преголеми, но АЕК објасни дека цените се одредени врз основа на анализа и нема можност за нивно намалување.

А1 Македонија побара став дали АЕК ќе интервенира ако новиот оператор се спои со постоечки. Агенцијата појасни дека во сличен претходен случај постапила со цел да се ослободат фреквенции и да се заштити конкуренцијата, и дека така ќе постапи и во иднина.

Со оглед на тоа што бројот на заинтересирани субјекти е поголем од достапните дозволи, АЕК ќе објави јавен тендер со јавно наддавање, со што се отвора можност за појава на трет мобилен оператор во Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk