logo
logo
logo

Ќе биде ли Азир Алиу нов министер за здравство? „Приоритет се гласачите, а прашањето за ресорот здравство останува отворено“

Vecer | 25.05.2025

Ќе биде ли Азир Алиу нов министер за здравство? „Приоритет се гласачите, а прашањето за ресорот здравство останува отворено“

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој е дел од Алијансата за Албанците – партија што останува во коалицијата Вреди, денеска изјави дека сè уште не е разговарано на ниво на партија дали тој ќе го преземе министерското место во здравство, откако Арбен Таравари поднесе оставка.

– Сè уште не сме разговарале на таа тема. Веројатно деновиве, бидејќи во овој период бевме многу активни. Секогаш крајниот збор го има граѓанинот и ние бевме на терен за да ги консултираме за хаосот што се случува во нашата партија – изјави Алиу.

Во јавноста веќе кружат информации дека токму тој би можел да биде новиот министер за здравство, откако Таравари ја напушти функцијата по одлуката на Претседателството на Алијансата за Албанците да се повлече од владината коалиција и да настапи во колаиција со ДУИ на претстојните локални избори.

Според Алиу, приоритет во моментов било да се разговара со базата и да се надминат турбуленциите во партијата, а прашањето за ресорот здравство останува отворено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk