За оние кои заборавиле со кого јавноста има работа еден детал кој обајаснува - карактер.
Во јануари 2019 година, за време на епидемија на морбили (мали сипаници), министерот за здравство Венко Филипче објави фотографија како ја носи својата внука на вакцинација. Во јавноста експлодираа слики и стручни мислења дека Филипче - лаже и дека се работи за манипулација, наведувајќи дека детето било премало за МРП-вакцина или дека иглата на фотографијата имала капаче. Се било наместено за сликање и пропаганда.

Филипче потоа објаснуваше дека тоа била друга вакцина иако во кампањата за МРП вакцини ја неговиот ПР ја пласираше веста токму за таа цел, за таа вакцинација.
Во време на Ковид епидемијата Македонија имаше 10.000 жртви, речиси половина од бројот на жртви во 4-годишната Втора светска војна. Во 2020-та, време на најголемата смртност и криза Македонија вакцини немаше, а Филипче и Заев изјавуваа дека секој момент ќе добиеме вакцини од нашите партнери но, нема да користиме руски и кинески затоа што тие држави не се од НАТО, и нивните вакцини се сметале за небезбедни.
Луѓето продолжија масовно да умираат, невакцинирани а вакцини немаше...
Дури во февруари, наредната, 2021-ва година, Зоран Зев изјави дал насоки да се направи нарачка од 100 илјади дози од руската вакцина „Спутник“.
„Синоќа доцна добив информација од министерот за здравство Венко Филипче дека имаме капацитет, согласно склучените договори и платените, да направиме нарачка од 100.000 дози од следна вакцина, со што би го надополниле севкупниот план, и не би останале вишок вакцини. Да одговорам на прашањето дали би нарачал од „Спутник“ да, дадов насоки, да се направи од таму нарачка,“ изјави Заев при посетата на Пробиштип.

Во февруари на Скопскиот аеродром пристигна пратка со само 3.000 вакцини од рускиот производител „Спутник В“. Ги пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во земјава Сергеј Баздникин.
Според тогашната изјава на министерот за здравство Венко Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.
На 4. февруари 2021. министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во текот на месецов во земјава ќе пристигнат кинески вакцини. Не пристигнаа.
„Во завршната фаза сме од преговорите и во месец февруари првата количина којашто ќе пристигне во нашата земја ќе бидат кинеските вакцини. Ние практично целокупниот процес на имунизација согласно веќе спремниот систем ќе го започнеме со тие вакцини“, изјави министерот Филипче по барање на неколку медиуми.
Времето тече, луѓето заболуваат од Ковид и умираат. На 15 април 2021. министерот за здравство Венко Филипче вели дека се “обезбедени 2,6 милиони вакцини. На 28 април се очекува да пристигнат кинеските вакцини чија испорака (не се наведуваат причините) се оддолжи“.
Зошто не стасаа кинеските вакцини најавувани дека “само што не се тука“ во јануари и февруари таа критична 2021 година?

Затоа што Кина не дозволила испорака од причини што за Кинезите во нарачката има посредник и корупција што, според нивните стандарди, е причина бизнисот да биде стопиран. Договорот за тој “бизнис“ беше јавно презентиран, а јавноста шокирана и уплашена што ќе биде со луѓето.
Антикорупциска објави дека ја документацијата за кинеските вакцини, па потоа ќе донесе одлука дали ќе покрене постапка. Обвинителството и Финансиската полиција само ги следеа информациите за набавката. Во меѓувреме кинеските вакцини никако да стигнат во земјава.

„Ла Верита“, на почетокот на март објави дека комуникацијата меѓу македонската влада со „Синофарм“ се вршела преку кинеска фантом фирма „Старби Интернешнл“ која нема никаква врска со фармацевска ниту медицинска дејност. Со фирмата „Старби Интернешнл“ бил остварен контакт уште на 25 декември 2020.
Според истражувањето на „Ла Верита“, македонските власти се обиделе да набават 200.000 вакцини од производителот „Синофарм“ преку посредничка компанија со седиште во Хонг Конг под името „Стабри интернешнел“ (Stabri International). Според договорот медиумите објавија дека преку овој посредник цената на вакцините била вештачки надуена, од 32 на 67 долари за вакцина, за да се исплатат провизии. Авансот изнесувал над 6 милиони долари.
Пратка од 200.000 кинески вакцини „Синофарм“ пристигна во Македонија потоа, дури на 30 април 2021 година, овозможувајќи почеток на масовна имунизација. “Бизнисот“ со посредник за набавка на вакцини од Кина до ден денес не е обработен од обвинителството.

На 3 јуни 2021 година тогашниот министер Венко Филичпе ијави дека седум дена се очекува пратката со 500.000 вакцини од кинески „Синовак“ но, тоа време кога епидемијата згаснуваше. А зад епидемијата, зад Зоран Заев и Венко Филипче останаа 10.000 починати од Ковид во Македонија, држава која едниствена во Европа немаше псотавен систем и канал за вакцинација живеејќи од донирани вакцини од Србија и Турција.
И, после се, има ли простор и причина да се зборува за политиката во однос на Венко Филипче? За Филипче може и мора да зборуваат блиските на починатите и тешко заболените од Ковид 19 кои страдаа беспомошни и обвинителството, а политичарите да го стават на игнор бидејќи тој е тема од црната хроника а не од политичките страни и теми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата