Цели шест часа скопската обиколница беше затворена за сообраќај поради тешката сообраќајна несреќа во која, според објавите на Алсат, четворица го загубиле животот по директен судир меѓу автомобил марка „BMW“ и камион.
ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Радишани - Приштина – Мирковци од клучка Мирковци до клучка Приштина заради случена сообраќајна незгода.
Сообраќајот е нормализиран од 05:30 изутрината.
Како што претходно објави Алсат, најверојатна причина за несреќата е преминување на камионот со косовски регистарски ознаки во спротивната лента. Според Алсат, возачот на камионот најверојатно загубил свест поради замор непосредно пред сударот со „BMW“-то каде што четири лица го загубија животот по силен судир помеѓу БМВ (најверојатно со скопски таблички) и камион со косовски регистарски таблички, објави Алсат.
Возилото е целосно пеплосано. Засега е нејасно дали во четворицата загинати во „BMW“-то се семејство или група млади луѓе.
Истражните органи во текот на ноќта извршиле увид на местото. Несреќата се случила ноќеска, половина час пред полноќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата