logo
logo
logo

Српска демократска лига - СДСМ ТВРДИ ДЕКА САША БОГДАНОВИЌ ЌЕ ПРАВИ НОВА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 24.01.2026

Српска демократска лига - СДСМ ТВРДИ ДЕКА САША БОГДАНОВИЌ ЌЕ ПРАВИ НОВА ПАРТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ВМРО подготвува ново движење кое треба да прерасне во нивна сателит партија во Македонија. Станува збор за Српска демократска лига, која ќе биде копија на Српската лига – партија со проруски наратив и силна поддршка на „Русија“. Тука од ЗНАМ се издвојува Саша Богдановиќ како можен претседател поради неговите врски со СНС. Тој треба да ја замени улогата на Стоилковиќ, познат по средбите со „Ноќните волци“ на Путин, наведува СДСМ во соопштение.

„Се разговара и со други квислинзи од редовите на СДСМ, уценети или купени, со финансиска помош од ВМРО. За нови движења со кои треба да се збунат гласачите и да се намали поддршката на СДСМ. Тоа е политика на таканаречени ‘карирани стројници’ и ‘кафански конгреси’. Целта е едноставна: раздробување на гласовите и слабеење на вистинската опозиција – СДСМ. Единствената опозиција што не е контролирана, за разлика од сите оние што одат на состаноци (давајќи легитимитет на тендерската коалиција да продолжи со ограбување на државата преку тендери) и што во Собранието гласаат за законите на ВМРО, кои утре ќе бидат злоупотребени за цели на следење на опозицијата“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека тоа е „уште едно copy-paste сценарио по моделот на Вучиќ за контролирана и раситнета опозиција“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk