logo
logo
logo

ОБЈЕКТОТ НЕКОГАШ БИЛ МАГАЦИН ЗА ТЕПИСОНИ

ПРИВЕДЕН Е ЕДЕН ОД СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДИСКОТЕКАТА, Лиценцата за кабаре му била до 24 март

Vecer | 16.03.2025

ПРИВЕДЕН Е ЕДЕН ОД СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ДИСКОТЕКАТА, Лиценцата за кабаре му била до 24 март

Приведен е еден од сопствениците на дискотеката во Кочани во која се случи големата трагедија во која загина најмалку 51 лице.

Дискотеката работела повеќе години и имала лиценца со важност до 24 март.

Дискотеката која се запали во големата трагедија во Кочани порано била магацин за теписон, дознава Плусинфо. Објектот работи речиси 14 години.

Во времето кога градоначалник на Кочани бил Ратко Димитровски, објектот од државата не добил дозвола да биде дискотека. Но, подоцна добил, а менаџерите се фалеле дека „заслугите“ за тоа се на еден поранешен министер од ДУИ.

Плуинсфо исто така дознава дека лиценцата за кабаре на објектот му била до 24 март.

Пожарот кој избувна во објектот веројатно е предизвикан од пиротехнички средства. На социјалните мрежи се појавија снимки од пламенот кој ја зафати плафонската конструкција над самите рефлектори на  дискотеката среде концертот на познатата група ДНК.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е на самото место на настот, се очекува да даде повеќе информации на прес-конференција во 9 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk