logo
logo
logo

Мицкоски очекува годишната инфлација да се стабилизира околу 3% со МЕСЕЧЕН НЕГАТИВЕН ТРЕНД (ВИДЕО)

Vecer | 12.02.2026

Мицкоски очекува годишната инфлација да се стабилизира околу 3% со МЕСЕЧЕН НЕГАТИВЕН ТРЕНД (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годишната инфлација да се стабилизира под 3% и месечен негативен тренд, што, како што посочува е резултат на водењето политики кои се во интерес на стандардот на граѓаните и на консолидирање на состојбите во државата. Конечно, вели, државата е консолидирана и ќе се развива онаква каква што ја посакуваат граѓаните.

- Како што кажав во неколку наврати оваа година очекувам да се стабилизираме под 3% со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари месец имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме тука некаде околу три проценти. Нешто можеби под или над три проценти, со тоа што ќе имаме негативна тенденција на месечно ниво – изјави премиерот во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, Општина Карпош.

Вели дека во деновите кои следат ќе имаме објавување на тие параметри и точно ќе се знаат бројките.

- Водиме домаќински политики. Водиме политики кои што се во интерес на стандардот на граѓаните. Така работевме досега во насока на консолидирање на состојбите во државата. Од една хаотична ситуација, распаднат институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани. Сега е потребно да ја развиваме Македонија онаква како што ја посакуваат сите граѓани – изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk