logo
logo
logo

СДСМ ОД ДЕН НА ДЕН ТОНЕ ВО ЛАГИ, Антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД

Vecer | 10.10.2024

СДСМ ОД ДЕН НА ДЕН ТОНЕ ВО ЛАГИ, Антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД

Државната комисија за спречување корупција пресече и докажа дека СДС води ниска и бедна кампања. Вистината која ја докажа ДКСК не може да ги надохнади нервозите и стресовите кои СДС ги нанесе и тоа, ни помалку ни повеќе, на дете, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС ниту ќе се засрамат, ниту ќе се извинат, затоа што тие ништо друго не знаат освен лаги и навреди.

Народот јасно им кажа не и тие никако да се освестат, туку и понатаму тонат.

И покрај нивните лаги и навреди, државните институции докажаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски постапува согласно начелата на чесност и транспарентност.

Како што за ова излезе вистината на виделина, тоа ќе се случи и за многу друг случаи поврзани со СДС.

СДС ќе види што е владеење на право и правда, што значи да се применува начелото на транспарентност, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk