logo
logo
logo

ЗА ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЌЕ ИМАМЕ АВТОПАТ ПО СИТЕ СТАНДАРДИ И ПРОПИСИ, рече Николоски

Vecer | 03.05.2025

ЗА ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ЌЕ ИМАМЕ АВТОПАТ ПО СИТЕ СТАНДАРДИ И ПРОПИСИ, рече Николоски

-Во јуни 2024 година кога беше формирана оваа Влада, вкупно беа експроприрани 560 парцели на трите делници. Денес имаме 2497 парцели експроприрани, прогресот е помножен околу пет пати. Тоа значи дека отвораме фронт за работа на делницата Тетово – Гостивар од 17,5 километри, на Гостивар – Букојчани 14,7 километри и Прилеп-Битола 29 километри или планот до ова лето активно да се работи на изградба на автопати во рамки на коридорите 8 и 10 д некаде од 65 до 68 киломтери, што е огромен прогрес, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Тетово – Гостивар.

Како што истакна Николоски, за две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава.

-Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово – Гостивар, дел од Коридорот 8. Ова, десно од нас, сите го нарекувавме автопат во минатото, но не беше автопат, беше експресен пат. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и сите стандарди какви што заслужуваат граѓаните од Полошкиот регион и од целата држава. Автопатската делница ќе биде долга 17,5 километри, а вредноста ќе изнесува околу 90 милиони евра. Прoeктот предвидува шест сообраќајни ленти, три во секој правец, односно две возни ленти и една за застанување, нагласи Николоски на почетокот на градежните работи.

Според него, тајната е многу едноставна, а се вика работа и подршка.

Николоски изрази благодарност за поддршката и соработката до премиерот, Јавното претрпијатие за државни патишта, до својот тим во Министерството за транспорт, како и до цела Владата. Информира и дека следниот работен состанок со тимот на „Бехтел и Енка“ со кои се среќава на неделно ниво, ќе биде во вторник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk