СДСМ не памети
ваков пораз, на овие парламентарни избори, но и на претседателските им се случи
дебакл најголем во историјата на партијата.
На парламентарните избори СДСМ во моментов со над 99%
пребројани гласови, има 18 мандати, или еден помалку од Европскиот фронт на
ДУИ, а максималната бројка која може да ја достигне е 19 мандати. СДСМ на
парламентарните избори оваа година освои 153.250 гласови, што е историски
најмал број, и загуби речиси со тројна разлика од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ никогаш не бил под 200.000 гласови се до овие избори.
Најслаб резултат до вчера имаше Владо Бучковски во 2006
година кој освои 218.463 гласови, што е за 65.000 повеќе од вчерашниот резултат
на оваа партија.
На претседателските избори, Стево Пендаровски во моментов
има 250.541 глас, и до крајот на пребројувањето може да стигне до нешто повеќе,
но сепак ќе биде најголемата
Разликата е над 300.000 гласови разлика со
кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, која во моментов има
560.170 гласови. Пендаровски во првиот круг го имаше најслабиот резултат на
еден претседател кандидиран од страна на СДСМ. Тогаш освои 175.413 гласови.