logo
logo
logo

СДСМ грабале насекаде: ПО ФОНДОТ ЗА ИНИВАЦИИ СДСМ ГО ОГРАБИ И ЕРЕЗАМУС и парите за образование

Vecer | 17.08.2025

СДСМ грабале насекаде: ПО ФОНДОТ ЗА ИНИВАЦИИ СДСМ ГО ОГРАБИ И ЕРЕЗАМУС и парите за образование

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС ги користеле институциите за личен профит. Според партиското соопштение: „На СДС институциите им служеле само за личен профит на поединци. Таков е и примерот кога парите од Еразмус+ се користеле од кадарот на СДС, Лидија Димова.“

Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат. Покрај што со пари од агенцијата, преку Лазар Нанев, Заев си ја купуваше слободата исто така си ги плаќаше и неговите идеолози и јавни поддржувачи.

Имено, преку истоимената агенција чиишто финансиски средства се наменети за образовни програми, Заев и Димова доделиле 200 илјади евра на идеологот Фрчкоски. Наместо за образовни програми за младите, парите завршиле за проект на кој што конкурирал Фрчкоски. А каде е сега тој и какви образовни програми и проекти реализирал за младите, никој не знае.

Секако затоа што тие пари не се земени за проекти за младите, туку тие, најверојатно, се исплата за тоа што Фрчкоски одработувал и уште одработува за СДС. Тој со години е најгласен, кога по нарачка на СДС, треба да се нападне, шиканира или извреѓа некој нивен неистомисленик.

Тој е протеже преку кого СДС ги изнесува на површина работите кои ги мисли, а не сака јавно да ги кажува. Тоа е начинот на работа на СДС и начин на кој ја користел Еразмус+. За одработување на партиски цели и интереси биле плаќани судии, професори и некакви така наречени експерти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.“

На крајот владејачката партијата заклучува:

„На површина излегуваат сите работи кои ги правеле СДС, Заев и Димова и како ги користеле институциите и нивните финансии за плаќање на нивни поддржувачи и штитеници.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk