logo
logo
logo

УШТЕ СЕ ПОМИНУВА НА ЦРВЕНО: Речиси 5.000 прекршоци преку „СЕЈФ СИТИ“ за една недела

Vecer | 09.02.2026

УШТЕ СЕ ПОМИНУВА НА ЦРВЕНО: Речиси 5.000 прекршоци преку „СЕЈФ СИТИ“ за една недела

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 02-ри до 08-ми февруари од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки.

-Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4674, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 163, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 154 прекршоци. Исто така, изречени се вкупно 288 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 163 се за „минување на црвено светло“, а 125 се за „брзо возење“, велат од МВР.

Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 22.434 возила.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk