Министерот за економија, Бесар Дурмиши, во најновото гостување истакна дека досега применетите мерки покажуваат позитивни резултати.
Тој нагласи дека за да се постигнат среднорочни и долгорочни решенија, потребна е поголема поддршка за домашните производители и земјоделци. Дурмиши верува дека со посилна поддршка за локалното производство, ќе се намалат цените на основните прехранбени и земјоделски производи, слично на моменталниот тренд кај сезонските производи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата