Инвеститор на зградата во Кисела Вода каде загина работник е поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски. Тој за порталот СДК изјави дека земjиштето на кое се гради зградата е на неговото семејство, а зградата ја гради фирмата „Јакимовски“.
– Трагедија е ова што се случи. Фирмата „Јакимовски“ е со долгогодишно искуство, сите постапки се запазени, и добиени се сите одобренија за градба. Најверојатно земјиштето се излизгало ненадејно по што дошло до несреќата – рече Коневски.
Eден градежен работник загина, а тројца се повредени откако утрово беа затрупани од насип со земја на градилиште во Кисела Вода.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата