Првиот човек на Основниот суд во Гостивар и еден судски администратор се под мерки за претпазливост, по истрагата за корупција отворена од Обвинителството за организиран криминал.
Случајот го отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а двајцата се гонат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Според информациите од Кривичниот суд, обвинителството побарало мерки на претпазливост, а Судот посочил дека не можел да определи построги мерки од оние што ги предложило обвинителството.
Случајот предизвика големо внимание во јавноста бидејќи станува збор за прв човек на суд во земјава кој се соочува со сомнежи за коруптивно влијание поврзано со судски постапки. Истрагата, според досегашните информации, се однесува на сомнежи дека биле барани или примени пари за посредување и влијание врз одлуки и постапки во рамки на судот.
Алији беше назначен за вршител на должност претседател на Основниот суд во Гостивар по претходни кадровски промени во судот, а сега, со одлуката за мерките, практично му е ограничено движењето додека трае постапката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата