logo
logo
logo

„Ахмети бара кога му е тесно, СЕ ЈАВУВА, БАРА СОСТАНОЦИ, ПРАЌА ПОСРЕДНИЦИ, му требаат пратеници за да го намали влијанието на Огнените“

Vecer | 11.04.2023

„Ахмети бара кога му е тесно, СЕ ЈАВУВА, БАРА СОСТАНОЦИ, ПРАЌА ПОСРЕДНИЦИ, му требаат пратеници за да го намали влијанието на Огнените“

ДУИ бара соработка само кога им е тесно, само кога се во критична ситуација. И ова искуство беше во 2016 година, кога можеби не секој ден, но на неделно ниво имав телефонски повик или порака од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Но, така беше до средбата во Тирана, додека не ги реши сопствените работи. И од тој момент ја прекина комуникацијата“, изјави лидерот на Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами за „Клик плус“ на ТВ21.

Касами напоменува дека, на Ахмети кога му треба соработка, секогаш станува добар комуникатор.

„Се јавува, бара состаноци, праќа посредници. Сега истото го прави и кога му требаат пратениците на Беса, за да го намали влијанието на „Огнените““, додава Касами.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk